Фудбалерот кој го спаси Ливерпул од пораз против Ѓаволите е на излезна врата

Адам Лалана се наоѓа на излезна врата од Ливерпул. Англичанецот кој е член на актуелниот европски првак веќе шест години, по сите изгледи, налето ќе бара нов ангажман бидејќи договорот му истекува по крајот на сезоната, а управата нема да ја активира клаузулата според која би се обврзал на уште една година да ја носи црвената униформа.

Сепак, повремениот англиски репрезентативец најверојатно ќе остане во Премиер лигата бидејќи за неговите услуги се интересира поранешниот тренер на Ливерпул и актуелен предводник на Лестер, Брендан Роџерс. Лалана пристигна на „Енфилд“ токму како аквизиција на Роџерс за сума од 31 милион фунти од Саутхемптон во 2014 година.

Честите повреди го спречуваа во целост да ги оправда средствата, а оваа сезона Лалана главно бележи настапи влегувајќи од клупата. Вкупно на 19 меча постигна само еден гол, а тој можеби е најважен во неговата кариера бидејќи успеа да ги спаси Црвените од пораз на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, кога донесе израмнување и ги постави конечните 1-1 во финишот од дербито.

- Оглас -

Најнови вести