Фудбалската Англија се нормализира: Одредени датумите и за најстарото фудбалско натпреварување

Англиската Премиер лига продолжува со натпреварувањето на 17 јуни, со мечевите Манчестер сити – Арсенал и Астон вила – Шефилд јунајтед како заостанати од 29-тото коло. Веќе може да се каже дека фудбалот на Островот ги направи финалните чекори кон враќање во нормала, а фудбалската асоцијација денес ги обелодени и датумите за ФА купот.

Четврфиналните дуели ќе се одржат на 27 и 28 јуни, полуфиналните средби се предвидени за 11 и 12 јули, додека финалето, кое најверојатно ќе се одржи на „Вембли“ како по обичај, е резервирано за сабота, 1 август. Дополнително ќе се одредуваат термините и на кои стадиони ќе се играат четвртфиналните дуели.

Паровите кои се во битка за трофејот во најстарото фудбалско натпреварување во светот се: Лестер – Челзи, Њукасл – Манчестер сити, Шефилд јунајтед – Арсенал и Норвич сити – Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести