Запамтете го датумот: Премиер лигата го резервира 17 јуни, отвораат Сити и Арсенал!

Иако состанокот на премиерлигашите уште трае, британскиот лист „Би-би-си“ потврди ексклузивни информации дека првенството во Англија ќе продолжи со натпреварување на 17 јуни, среда, а најавени се два натпревари за истиот ден.

Еден од дуелите ќе биде дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал, додека во втората пресметка силите ќе ги одмерат Астон вила и Шефилд јунајтед. Со овие два меча ќе се комплетира 29-тото коло, додека 30-тото ќе почне уште викендов што претстои, а наскоро ќе се дознаат натпреварите кои ќе се играат од 19 до 21 јуни.

Состанокот уште трае и овие информации допрва треба да се потврдат, односно да се соопшти официјалната одлука. Како и да е, вакви оптимистички вести се чекаа со нетрпение, а дојдоа набрзо по потврдата дека Ла Лига ќе продолжи со шампионатот една недела порано.

- Оглас -

Најнови вести