Фудбалска бомба од Украина!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се договорил со Шпанија и Португалија за заедничка кандидатура за Светското првенство во фудбал во 2030 година.

Планот е Украина да биде домаќин на мечевите од една од групите ако успее да ја поправи инфраструктурата во неколку градови по војната со Русија, која уште е во тек.

Ваква тројна европска кандидатура за Мундијалот во 2030 би била фаворит и гест на поддршка на светот кон Украина. Оваа земја беше организатор на ЕП 2012 заедно со Полска.

Последна европска земја која била домаќин на СП беше Русија во 2018 година. Годинава Мундијалот е во Катар, во 2026 година во САД, Мексико и Канада, па Европа има добри шанси за 2030.

За домаќини на СП 2030 интерес има од Мароко, тука е силната кандидатура на Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле, како и онаа на три континенти – на Египет, Грција и Саудиска Арабија.

Одлуката каде ќе биде Мундијалот во 2030 година, треба да се донесе на 74-тиот Конгрес на ФИФА во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести