Фудбалска магија во Гронинген, ова е голот на сезоната и фаворит за наградата „Пушкаш“ (Видео)

Иако е октомври и фудалската сезона не е стигната приближно ниту до половина, во холандската лига падна гол кој ќе биде во најтесниот круг на кандидати за признанието „Пушкаш“ кое се доделува за најубав гол.

Белгиецот Сирил Нгонге од Гронинген со својот велемајсторски погодок му донесе водство на својот тим против АЗ Алкмар. Иако топката му беше зад грб, тој ги изненади сите кога со пета изведе шут „шкорпион“ и топката ја испрати во горниот агол од голот.

- Оглас -

Најнови вести