Фудбалската мода на Мура – Жижек ги изгоре Данците со мангупски гол (Видео)

Мурска Собота, градот познат по модата во поранешна Југославија, има и одличен фудбалски тим, а Словенците лесно го декласираа Архус со 3:0 во четвртфинален меч во квалификациите за Лигата на Европа.

Мечот го одбележа мангупскиот потег и гол на двојниот стрелец Кевин Жижек во последните моменти од мечот. Играчот на Мура со петица, без да го гледа голот на гостите, ја затресе мрежата на атрактивен начин во 95-тата минута.

Прекрасниот гол со петица на Кевин Жижек можете да го погледнете ОВДЕ.

Мура беше аутсајдер против Данците, но комплетно ги надигра и ќе настапи во полуфиналето во филтер-рундата против ПСВ Ајндховен од Холандија.

- Оглас -

Најнови вести