Фудбалскиот гениј со лудо славење: Модриќ во елемент како никогаш досега (Видео)

Иако Карим Бензема ги постигна трите гола за Реал Мадрид во победата над Пари Сен Жермен, секако дека еден од хероите на Кралевите беше и Лука Модриќ. Хрватот беше вистински лидер на Реал и мозок на теренот.

По завршување на дуелот и победата од 3:1, Модриќ беше посебно среќен. Тој одеше од соиграч до соиграч да им честита за големиот триумф. Кога си честиташе со Давид Алаба, се слуша како викаат „Браво брате, браво брате“, а потоа Хрватот ги покажа и своите гимнастичарски способности.

- Оглас -

Најнови вести