Фудбалскиот свет во тага, почина легендарниот Марио Загало

Легендарниот бразилски фудбалер и тренер, Марио Загало, почина на 92-годишна возраст во Рио да Жанеиро. Тој беше само еден од тројцата кои успеале да станат светски шампиони и како играчи и како тренери.

Загало како фудбалер беше светски шампион во 1958 и 1962, додека како селектор на Бразил дојде до титулата во 1970-тата. Имаше своја улога и во титулата на „кариоките“ во 1994-тата, кога беше помошник тренер и координатор на селекциите.

Во својата фудбалска кариера настапуваше само за Фламенго и Ботафого, додека како тренер работеше во голем број на екипи на сите краишта во светот.

- Оглас -

Најнови вести