Фулам и Брентфорд ќе играат на „Вембли“ за ваучер од 200 милиони евра

Фулам успеа да го елиминира Кардиф, иако вечерва загуби на домашен терен со 1:2 и ќе игра финален меч против Брентфорд на 4 август на „Вембли“ за пласман во Премиер лигата.

Со промоцијата следува и награда во вредност од околу 200 милиони евра, што последниот клуб кој ќе се пласира во најсилната англиска лига ќе ги добие за една сезона мината во Премиер лигата.

Фулам вечерва почна лошо и прими гол во осмата минута, со што Кардиф ја преполови негативата од 0:2 со поразот на домашен терен.

Сепак, почетокот беше ефикасен, па лондончани израмнија веднаш во следниот напад и повторно имаа два гола предност во вкупен скор.

Ли Томлин со погодок во 47-мата година повторно му донесе предност на велшкиот клуб, а гостите имаа уште неколку прекрасни шанси да го израмнат вкупниот резултат, но промашуваа и испаднаа од трката за пласман во Премиер лигата.

Предтходно Брентфорд со победа од 3:1 на домашен терен ја анулира негативата од 0:1 од првиот меч против Свонси и со ист вкупен резултат како и Фулам (3:2) успеа да се пласира во финалето на плејофот што ќе се игра на „Вембли“ во вторник на 4 август.

Интересно е што и двете екипи финалисти се од Западен Лондон, па главниот град сигурно ќе има уште еден премиерлигаш идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести