Кога испаѓа Фулам, само еден тим може да биде шампион на Англија

Кога испаѓа Фулам од Првата лига на Англија, тагата во Лондон на „Крејвен котиџ“, секогаш носи спротивно расположение и радост во Манчестер, во таборот на Сити.

Традицијата што почна во 1968 година, на чудесен начин се репризира веќе над половина век и во сите четири случаи оттогаш, кога Фулам испаѓал, Манчестер сити станувал првак на Англија.

Традицијата се повтори и во оваа сезона, веќе четврти пат по ред. Со поразот од Барнли минатиот викенд, Фулам веќе е второлигаш, односно член на Чемпионшип, бидејќи на три кола до крајот на англиското првенство има 10 бода помалку од Брајтон, што е недостижна негатива.

Манчестер сити има идентична предност пред Манчестер јунајтед на врвот на табелата и веќе ја освои титулата во Премиер лигата.

Претходно тоа се случуваше и во 1968, 2014 и во 2019 година, кога Фулам тагуваше по испаѓање од најсилната англиска лига, Манчестер сити се радуваше на шампионските круни.

 

- Оглас -

Најнови вести