Германија во судиското продолжение од мечот го одбрани првото место на табелата во групата А, откако Никлас Фулкруг во 92.минута постигна гол за реми, 1-1. Германците со седум бода се првопласирани на табелата, а Швајцарија останува на второто место.
Фулкруг успеа да донесе израмнување со удар со глава, откако Швајцарија преку Дан Ндоје имаше предност од 1-0 по првото полувреме, со голот постигнат во 28.минута од дуелот.
Унгарија се најде на третото место откако постигна гол за триумф од 1-0 во 101.минута преку Кевин Чобот. Овој меч имаше големо судиско продолжение поради повредата на Барнабас Варга.