Фуриозен старт на ракометарките – Македонија го декласира Азербејџан со 41:22

Македонија има одличен старт во претквалификациите за пласман на Светското првенство селдната година, а на првиот меч од нашата група декласирани се ракометарките на Азербејџан со 41:22.

Избраничките на селекторот Симе Симовски уште од почетокот на мечот што се играше во Скопје, тргнаа фуриозно и направија разлика што навести убедлив триумф.

По првиот дел беше 18:8 за Македонија и бодовите веќе беа запишани, но продолживме во силно темпо и во продолжението. Разликата постојано растеше во корист на домашната селекција и на крајот резултатот е победа на македонските ракометарки со 19 голови разлика.

Тоа е една од најубедливите победи во историјата на женскиот ракомет, кога станува збор за националната селекција.

Во второто коло утре исто така во салата „Борис Трајковски“ Македонија ќе игра против Исланд, а в недела го завршуваме овој циклус со меч против Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести