Габигол сака во Премиер лигата, а и премиерлигаши го сакаат него

Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса наскоро би можело да премине во некој англиски клуб, а интерес за него има од неколку лондонски клубови. Габигол игра за Фламенго, но како позајмен од италијански Интер.

Фламенго нема пари да се бори со европските клубови, па извесно е дека Габриел ќе се врати во Европа. Најконкретен е Вест хем, кој одамна го следи Габи и на Интер му нуди 20 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Оваа понуда е прифатлива за Нераѕурите.

Откако дознаа дека може да оди во Вест хем, реагираа од Челзи, Арсенал, Тотенхем и Кристал палас. Во Челзи планираат да го продадат Оливие Жиру и можеби ќе го понуди во Интер како замена за Габигол, во кого гледаат одлична конкуренција за првиот голгетер Тами Абрахам.

Габи се прероди во Фламенго, даде 34 гола на 43 меча и помогна тимот да ги освои титулите во бразилското првенство и во Копа Либертадорес. Околу 10 јануари треба да се знае дефинитивно дали Габи останува во Фламенго или не.

Ако дефинитивно раскине со клубот од Рио, почнува трката за него, во која на пол-позиција се Чеканите. И новиот тренер на Вест хем, Дејвид Мојс, дозволил управата да ги продолжи преговорите со Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести