Габриел Жезус не престанува да дава голови за Арсенал, Топчиите го совладаа и Евертон (Видео)

Арсенал го победи Евертон со 2-0 во пријателски меч кој се одигра рано утрово во Балтимор, САД.

Стрелец на првиот гол за Топчиите беше нивната принова која дојде од Манчестер сити, Бразилецот Габриел Жезус. Победата ја потврди Букајо Сака.

Жезус даде два гола за Арсенал против Нирнберг, а сега првпат беше стартер, и имаше гол и асистенција. Тој веднаш покажува дека е големо засилување за лондонскиот тим, иако ова се само контролни мечеви.

- Оглас -

Најнови вести