Галатасарај во атак на победа против Порто, наградата е утешна

Галатасарај и Порто одиграа два меча досега и двата завршија со победи на еден од тимовите со по 1-0, а таквиот резултат сосема му одговара на турскиот гигант за да го визира учеството во Лигата на Европа.

Порто веќе е во нокаут-фазата во Лигата на шампионите бидејќи е убедливо прв пред последниот дуел од групата Д со 13 бодови и е недостижен за второпласираниот Шалке 04, па во Истанбул денеска од 18.55 часот ќе игра меч без резултатско значење.

„Без разлика на ситуацијата, ние сакаме со победа да ја завршиме фазата по групи во Лигата на шампионите. Во оваа група сите 4 екипи можеа да бидат први, но, за среќа, ние сме на врвот. Нема релаксирање и одиме на три бода и во Истанбул“, изјави тренерот на Порто, Сержо Консеисао.

Легендата на португалскиот фудбал  може и да комбинира и да калкулира со составот, бидејќи Порто е сигурно прв во групата Д, без разлика на исходот од денешниот меч со Галатасарај.

Турците имаат за што да играат и со победа ќе бидат сигурно третопласирани, пред Локомотив Москва и ќе продолжат во Лигата на Европа.

„Не е утешна награда. Јас се радувам и на настап во Лигата на Европа, натпреварување кое не се разликува многу од Лигата на шампионите. Го освоив со Севилја, се надевам дека ќе имам шанса да бидам на тронот и со Галатасарај“, вели Маријано Фереира.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести