Српскиот голгетер Лука Јовиќ е блиску до заминување од Милан во јануарскиот преоден рок, а тој на маса има понуда за преселба во Галатасарај.
Турскиот првак бара замена за поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди, кој заработи тешка повреда на лигаментите на коленото и го чека долга пауза.
Јовиќ е во последната година од договорот со седумкратниот европски шампион, трета опција е во нападот зад Алваро Мората и Тами Абрахам, сезонава нема ниту еден гол за Росонерите, нема играно од крајот на септември, и секако би сакал да си замине.
Формата на Јовиќ е во пад и преселбата во послаба лига ќе му даде можност да го оживее својот голгетерски инстинкт.
Галатасарај веќе го има неприкосновениот Виктор Осимен во нападот, но одличната форма на Нигериецот е опасност за клубот од Истанбул дека Осимен ќе ја напушти Турција уште во јануари.