Гарсија има право и да се шегува: Лесно е со Корне против Сити, секогаш почнуваш со 1:0 (Видео)

Руди Гарсија може и да се шегува по големата победа на Лион против Манчестер сити и пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Тренерот на Лавовите од Жерлан одлично го подготви тимот за дуелот со првиот фаворит во Лигата на шампионите, барем според коефициентите во сите свестки обложувалници, пред стартот на фајнал-ејт трурнирот во Лисабон.

И вчера Лион изгледаше одлично на „Жозе Алваладе“, а со двојниот стрелец Муса Дембеле, повторно блесна и Макс Корне, играч што го постигна првиот гол на мечот и негов четврти во трите досегашни дуели со Манчестер сити.

„Кога играме со Корне против Манчестер сити лесно е за нас тренерите. Веднаш знаете дека почнувате со предност од 1:0“, се пошегува Гарсија.

На шега во која сепак има и многу вистина, бидејќи историјата се повтори и вчера во Лисабон.Корне и на третиот меѓусебен меч меѓу Лион и Манчестер сити беше првиот стрелец, откако погоди во 24. минута за 1:0 за францускиот тим.

Во 2018 година во тогашниот циклус натптревари во фазата по групи во ЛШ, Лион и Манчестер сити одиграа два меча и на двата Корне беше првиот стрелец, а постигна 3 од четирите голови за францускиот тим.

Лион тогаш победи со 2:1 во Манчестер и ремизираше 2:2 дома и вчера успеа повторно да биде поуспешен, овојпат во многу поважен меч и да се пласира во полуфиналето.

На 19. август Лион ќе игра со Баерн Минхен од 21 часот на „Жозе Алваладе“, додека ден претходно Лајпциг и Пари СЕн Жермен ќе играат за пласман во финалето на „Луж“.

Мечот за титулата е закажан за 23. август од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести