Гасперини не му верува на ВАР, па проверуваше на мобилен телефон (ФОТО)

Три пенали беа видени на вчерашниот меч меѓу Аталанта и Фиорентина кој заврши со победа на гостите од 1:2. Душан Влаховиќ во два наврати од белата точка погоди за тимот од Фиренца, додека Дуван Запата од 11 метри исто така стрелаше прецизно.

Сепак, хит на социјалните мрежи стана тренерот на домаќините, Џанпјеро Гасперини кој не беше баш убеден од судиската одлука и од ВАР системот, па со своите помошници го гледаа спорниот момент на мобилен телефон.

- Оглас -

Најнови вести