Гатузо експресно си најде нова работа, станува тренер на тим од големата шесторка на Премиерлигата!

Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Тотенхем, и наскоро треба да потпише двегодишен договор со лондонскиот клуб. Оваа вест ја објавуваат повеќе италијански и англиски медиуми кои се добро упатени во преговорите.

Тотенхем планираше за тренер да го ангажира Пауло Фонсека, но преговорите пропаднаа, и клубот се свртел кон Гатузо, со кого веднаш постигнале договор, а останува само уште официјализација и потпис.

Гатузо во минатата сезона го водеше Наполи, но пред 23 дена потпиша за Фиорентина. Сепак, дојде до голем пресврт, па Виолетовите и неочекувано Гатузо се разделија, па популарниот Рино повторно е слободен. Гатузо во лондонскиот клуб ќе заработува 2,5 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести