Гатузо: Милан не е голем тим

Милан вчера испушти нови бодови на гостувањето кај Емполи. „Росонерите“ одиграа само 1-1, иако во поголемиот дел од средбата резултатот беше во нивна корист. Само една грешка беше фатална за нив, па им подарија пенал на домаќините, додека своите шанси не ги искористија за да заминат со цел плен од ова гостување.

„Создадовме толку многу шанси и во првото и во второто полувреме. Потоа направивме грешка, која на крајот нè чинеше победа. Проблемот е што не ја завршуваме работата навреме, шансите кои ги правиме треба да ги искористиме за да не дојде до ваква непосакувана ситуација. Одигравме добро и без еден од најважните играчи во тимот, Гонзало Игуаин, за кого се надевам дека ќе се врати во составот до мечот со Сасуоло. Ние не сме голема екипа. Сѐ уште треба да растеме, а тоа ќе го направиме со напорна работа. Според прикажаното, сметам дека играме добро, на вистински пат сме, со максимален труд ќе дојдат и позитивните резултати“, истакна Гатузо по мечот.

Милан заостанува еден натпревар во однос на другите екипи од Серија А поради одложениот меч со Џенова од првото коло, сепак има освоено само шест бода од можни 15. Главен проблем е што не можат да ја сочуваат мрежата, додека имаат испуштено седум бода од ситуации во кои воделе на мечевите, повеќе од која било друга екипа во италијанскиот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести