Гатузо: Наместо да ја здробиме, ние ја скокоткавме Болоња

Милан вчера го запиша второто во низа реми без голови, во дуелот против Болоња „росонерите“ не можеа да го зададат последниот удар. Предводникот на црвено-црните, Џенаро Гатузо, сликовито го опиша настапот на својот тим.

„Залудно имавме толкав посед на топката. Интер со сличен пристап на овој терен успеа да издвои триумф, Рома тука изгуби, додека ние сѐ правевме добро пред да дојдеме до шанса за егзекуција. Практично, ние ја скокоткавме одбараната на Болоња наместо да ја здробиме кога имавме шанса. Против екипа која со 10 играчи се брани и нема намера да нападне, моравме да бидеме покреативни, поефикасни“, истакна Гатузо.

Милан веќе во недела го очекува нов тежок дуел против Фиорентина, а Гатузо нема да смета на двајца играчи за тој меч. Бакајоко вчера поцрвене и ќе биде суспендиран, а нема право на настап ниту Франк Кеси поради суспензија од жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести