Ѓаволот за Манчестер сити повторно блеска – Варди со финта си поигра со одбраната на Граѓаните (Видео)

Џејми Варди постигна хет-трик за Лестер против Манчестер сити за помалку од еден час игра, а вториот гол беше ѓаволски добар.

Еден од најдобрите стрелци во Премиерлигата постигна два гола од пенал, првиот и третиот на мечот, а убедливо  најубав беше вториот негов погодок.

На асистенцијата на Кастањ, Варди реагираше мајсторски и погоди со петица за комплетен пресврт, што го режираше сам со три гола по ред.

Сити поведе со голот на славеникот Ријад Марез, кој го игра 100 меч во Премиерлигата, а потоа Варди стапи на сцена.

Џејми е играчот со убедливо најмногу голови против Манчестер сити, во ерата на Пеп Гвардиола и досега има 8 гола, двапати повеќе од останатите играчи во Премиерлигата што повеќе од еднаш ја треселе мрежата на Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести