Газдата на Челзи не видел вакво нешто, им се воодушевуваше на навивачите во Дортмунд и ги снимаше (Видео)

Сопственикот на Челзи, Американецот Тод Боли, како полека да ја сфаќа реалноста околу неговиот клуб.

Боли потроши огромна сума пари за да ги задоволи потребите на тренерот Греам Потер, но Сините и со супер скап и ѕвезден состав не можат да дадат гол. Челзи има постигнато само три гола на последните девет меча во сите натпреварувања.

Освен тоа, Боли сфати дека има и клубови со подобри навивачи на тие на Челзи, а тоа не може да се купи. Американецот воодушевено ги снимаше фановите на Борусија од популарниот „Жолт ѕид“ на стадионот во Дортмунд како пеат пред почетокот на мечот.

Ова се снимките кои нема да им се допаднат на фановите на Челзи:

- Оглас -

Најнови вести