Сопственикот на Јувентус ја понижи Аталанта зашто игра во ЛШ, но веднаш доби одговор

Аталанта игра фантастично во дебитантската сезона во Лигата на шампионите и е на прагот да се избори за место во четвртфиналето. Тимот од Бергамо има предност од 4:1 против Валенсија и на реваншот во Шпанија не смее да загуби со три гола за да се најде меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

И покрај бајката на Аталанта, има и такви кои едноставно не се среќни за успехот на овој италијански тим. Сопственикот на Јувентус, Андреа Ањели, јавно праша зошто еден тим како што е Аталанта е дел од Лигата на шампионите.

„Многу ја почитувам работата на Аталанта, но тоа е тим без историја на европската сцена и благодарение само на една добра сезона во Серија А, обезбедија директно место во групната фаза. Дали е тоа правилно или не? Сетете се на Рома, која претходните години придонесе многу за зголемување на рејтингот на италијанскиот фудбал. Имаше само една лоша сезона и испадна од елитата, а тоа беше удар и од финансиска гледна точка. Поентата е да направиме рамнотежа помеѓу тоа што клубот придонесува во европскиот фудбал и неговите резултати само во една сезона.“, објаснува Ањели, кој едноставно како да не ги цени резултатите на Аталанта од оваа сезона.

Првиот човек на Јувентус многу брзо доби одговор, и тоа од градоначалникот на Бергамо, Џорџијо Џорџо.

„Го почитувам Ањели, но навистина не можам да се согласам со тоа што го кажа. Во споредба со елитата во која се богатите и славните, многу повеќе сакам резултати постигнати на теренот и достигнувањата на провинциски град кој своето место во Европа го заработи со многу работа, напор и пот. Тоа се вика спорт“, рече градоначалникот на Бергамо.

Колку за потсетување, додека Аталанта е на прагот од место во четвртфиналето, Јувентус во реваншот на свој терен ќе треба да надополни негатива од 0:1 стекната по првиот меч против францускиот Олимпик во Лион.

 

- Оглас -

Најнови вести