Газдата на ПСЖ влезе во соблекувалната и им ја честиташе победата на играчите, но и му кажа нешто на Меси (ВИДЕО)

Насер Ал-Келаифи влезе во соблекувалната на ПСЖ и им ја честиташе победата над Манчестер сити во дербито од Лигата на шампионите.

Тој се поздрави со целиот тим, но најмногу внимание обрна на напаѓачкото трио Меси, Нејмар и Мбапе, од кои се очекува редовно да ги „решетаат“ мрежите.

Келаифи го прегрна Аргентинецот и потоа му кажа „Еден гол и сега завршено е“. По реакцијата, очигледно е дека Меси и не го разбра баш најдобро, а медиумите во Франција сметаат дека со овој гол треба да завршат сите приказни што кружеа изминативе денови за Меси и наводното незадоволство во ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести