Газдите на Њукасл не се омилени во Премиер лигата (ФОТО)

Преземањето на Њукасл од инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија привлече големо внимание од светската фудбалска јавност.

Додека навивачите на овој тим се радуваа на новите газди и очекуваат засилувања, голем дел од навивачите и клубовите не се задоволни од оваа одлука на Премиер лигата да му се дозволи на ПИФ да го купи овој клуб.

Причината за тоа е дека токму принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман е обвинет од меѓународната јавност дека за поддржување на некои тешки кривични дела против човештвото.

Сето тоа беше напишано вчера на мечот меѓу Кристал палас и Њукасл, каде што домашните фанови го искажаа своето мислење со банер на кој што беа напишани сите работи со кои што првите луѓе на оваа земја се товарат дека имаат направено.

Од Премиер лигата одма покренаа дисциплинска постапка против овие навивачи, и се очекува да биде обелоденета казната во наредниот период.

- Оглас -

Најнови вести