Геј-врската што ја тресе Англија се уште не се открива, но познато е дека се работи за двајца фудбалери што настапуваат во елитната Премиер лига.
Засега нивниот однос, кој е потврден и за него знаат нивните клупски соиграчи, се уште е мистериозен и не се потврдува јавно, поради страв.
Двајцата играчи што настапуваат во Премиер лигата, а се во врска се плашат јавно да излезат и да ја потврдат релацијата.
„Не гледаат причина да ја кријат својата врска од соиграчите, но одлучија засега да не се експонираат во јавноста. Има и страв од реакции, па останува тајна за кои двајца фудбалери се работи, вели неименуван извор за „Дејли мејл“.
Не е познати дали фудбалерите се и англиски репрезентативци, односно дали ќе играат на Мундијалот во Катар, или некој од нив.