Генијална или луда идеја на Бенитес како да се подобри ВАР: Мора да донесеме физичар

Незадоволството од ВАР-технологијата постојано се зголемува, а еден од најгласните критичари е актуелниот тренер на Селта, Рафаел Бенитес, кој предлага радикално решение.

Бенитес е незадоволен од интензитетот на контактите кои ВАР ги смета како прекршоци, па побара науката да им помогне на судиите.

„Тоа што треба да се направи со ВАР е да донесе физичар кој ќе ја мери силата. За тоа мора да одлучува физичар, а не судија. Кога зборуваме за судењето и технологијата забораваме важни работи. Не го користиме знаењето стекнато од физиката за да решиме некои работи. Колкава сила е потребна за некого да го соборите на теренот кога ќе го турнете? Јас не знам, но физиката знае и може да ни даде одговор“, изјави Бенитес за шпанската „Марка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести