Реал го испрати Тони Крос од „Сантијаго Бернабеу“ со 0:0

Реал Мадрид ја заврши шампионската сезона со реми на свој терен против Бетис. На „Сантијаго Бернабеу“ беше посебна вечер за Тони Крос. Германецот кој една деценија ги брани боите на Реал Мадрид, го одигра последниот меч на домот на Кралскиот клуб. Крос најави дека по завршување на Европското првенство ќе оди во пензија, што значи дека на дуелот против Бетис го одигра последниот дуел во шпанското првенство.

Фановите на Реал подготвија посебна кореографија во чест на Крос. На кореографијата стоеше и бројот 22, тоа е бројот на трофеи кои Крос ги освои како играч на Кралевите. Пред мечот, играчите на домашниот тим се наредија да му оддадат почит на Германецот, а на изненадување на многумина, истото го направија и гостинските фудбалери на Бетис.

Крос на теренот беше до 86 минута кога беше повлечен од игра и со овации испратен од теренот. Реал на крајот не успеа да го испрати Крос и со победа. Дуелот заврши без голови.

- Оглас -

Најнови вести