Јувентус победи, а Милан се посрамоти дома против последниот на табелата

Најтрофејниот италијански тим Јувентус пред своите навивачи славеше во дуелот против Монца и триумфално ја завршија сезоната во Серија А во која Интер е крунисан за нов првак.

Јувентус со 2:0 ја победи Монца и тоа со два погодоци постигнати во првото полувреме. Киеза погоди за 1:0 во 26 минута, а само две минути подоцна Алек Сандро зголеми на 2:0, па во останатите две третини од средбата немаше погодоци.

За разлика од Јувентус, Милан на „Сан Сиро“ одигра само 3:3 против Салернитана. Во првите половина час Милан поведе со 2:0 со головите на Жиру и Леао, што беше резултат од првото полувреме.

Гостите намалија на 1:2, но Милан даде и трет гол, па делуваше дека е јасно кој ќе победи. Сепак, Салернитана која заврши „закована“ на дното со само 17 бодови освоени во 38 средби.

На крајот, Милан е втор со 75 бодови, а Јувентус е трет со 71 бодови и двата тима ќе играат во Лигата на шампиони за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести