На Кристијано Роналдо не му оди баш најдобро во последно време. Беше осуден на затворска казна, Јуве испадна во Купот на Италија, а сега почина таткото на неговата вереница Георгина. Хорхе Едуардо Родригез, почина на 70-годишна возраст, па Георгина замина во Буенос Аирес на погребот на својот родител.
Георгина на социјалните мрежи објави фотографија на која е облечена во црно, и после шест години повторно е во родната Аргентина. Здравствената состојба на нејзиниот татко беше многу лоша во изминатите денови (две и пол години боледуваше од церебрална исхемија), а тој сега и почина.
Инаку, Хорхе Едуардо е поранешен фудбалски тренер, но беше и во затвор за продажба на дрога, за што доби десетгодишна казна (од 2003 до 2013).