Георгина реши на Јелена Карлеуша да ѝ ја открие најголемата тајна на Кристијано Роналдо (Видео)

Георгина Родригес беше една од главните фаци на модниот викенд во Париз, каде носеше лунсузни модели на модниот бренд „Vetements“. Покрај Георгина на модната писта беше и Јелена Карлеуша, а токму овие две во еден момент се најдоа во центарот на вниманието и тоа секако поради Кристијано Роналдо.

На социјалните мрежи се појави снимка на која Георгина во еден момент ѝ објаснува на Карлеуша околу тоа кога Кристијано Роналдо планира да ја заврши кариерата.

„Кристијано уште една година и готово е. Можеби две, не знам“, ѝ вели Георгина на Карлеуша.

Роналдо повеќе од 20 години е во светскиот фудбалски врв, а веќе една година е дел од тимот на Ал Наср во Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести