Ривалството помеѓу навивачите на Сандерленд и Њукасл е едно од најголемите во англискиот фудбал, а пред нивниот дуел во ФА купот, навивачите на Чавките изведоа герилска акција.
Навивачите на Њукасл упаднале во ресторанот кој се наоѓа во трибината на стадионот на Сандерленд, каде што се собираат најверните навивачи на противникот, и целиот го излепиле со обележја на Њукасл. Навивачите на Њукасл на многу места црвено-белите обележја ги замениле со црно-бели, и тоа толку ги потресло фановите на Сандерленд, што клубот морал да издаде официјално соопштение.
Sunderland rolling out the red carpet for the visiting Newcastle fans. Unforgivable. pic.twitter.com/wv0j4zNwFR
— The72 – We Love the #EFL (@_The72) January 4, 2024
„Им се извинуваме на навивачите поради загриженста која ја изразија, а тоа мислење го делат и сопствениците на клубот и Управниот одбор кои побараа итна истрага со цел да се откри како се случил овој инцидент. Донесена е одлука просторот да се врати во првична состојба и уште еднаш им се извинуваме на нашите навивачи што порано не го решивме ова“, стои во соопштението на Сандерленд.
Натпреварот меѓу Сандерленд и Њукасл, градови кои се оддалечени само 17 километри, ќе се игра в сабота од 13.45 часот.
https://twitter.com/SkyNews/status/1743214060563259759