Германија ја победи Португалија во историски меч полн со голови (Видео)

Германија со 4:2 ја победи Португалија и Панцерите со овие три бода остануваат со реални шанси туку и за првото место во групата, иако во првото коло загуби од Франција со 1:0. Германците губеа со 0:1, кога Кристијано Роналдо погоди во 15 минута за Португалците. За Роналдо ова беше вкупно 12 гол на Европските првенства со што само го зголемува рекордот, а достигна уште едно рекордно постигнување, откако сега има 19 погодоци на големите натпреварувања, ЕП и СП.

Сепак, Германците по кој знае кој пат покажаа дека н се предаваат и до полувремето направија пресврт. Со два автогола, преку Дијас и Гереро, Германија стигнадо водство од 2:1 на полувреме. Португалија е првата европска селекција која на големо натпреварување (ЕП или СП) примила два автогола на еден меч.

https://streamable.com/32jvqn

Во вториот дел Германците продолжија фуриозно и преку Хаверц и Госенс стигнаа до убедливи 4:1 по само 60 минути игра. Португалците преку Жота намалија на 2:4 во 67 минута, но тука и завршија возбудувањата на најинтересниот меч на ова ЕП.

- Оглас -

Најнови вести