Германија по 20-ти пат оди на Светско првенство, ние ќе почекаме прв бараж (Фотогалерија)

Четирикратниот светски првак Германија во второто полувреме на арената „Тодор Проески“ покажа дека ниту дождот, ниту репрезентацијата на Македонија не може да ги запре на патот кон Мундијалот во Катар.

Квалитетот и карактерот на тимот на селекторот Ханси Флик дојде до израз во вторите 45 минути, па тие ни се реваншираа, и тоа со камата, за поразот на претходниот меѓусебен дуел во март во Дуисбург. За македонскиот тим останува надежта дека ќе победи против Ерменија на гости и дома со Исланд и дека Романците ќе кикснат еднаш, со Исланд дома или со Лихтенштајн на гости.

- Оглас -

Најнови вести