Германија се провлече на „мускули“, ќе има три дербија во осминафиналето на ЕП

Со резултати од 2-2 на мечевите Германија – Унгарија и Португалија – Франција заврши групната фаза на Европското првенство. Познати се сите патници во следната фаза, која почнува на 26 јуни, а утре и задутре се слободни денови.

Германците беа во многу непријатна ситуација, но со гол на Леон Горецка во 84-тата минута, освоија еден бод дома против Унгарија и тоа беше доволно да бидат меѓу 16-те најдобри во Европа.

Германија сега оди на „Вембли“, во дерби против стариот ривал Англија, кого на истиот стадион го елиминира во полуфиналето на ЕП 1996 година. Победникот од тој меч ќе има добра шанса да стигне до финалето бидејќи четвртфинале би играле на пример со Шведска, а полуфинале со некој како Холандија или Данска.

Осминафиналните двојки на ЕВРО 2020 се: Белгија – Португалија, Италија – Австрија, Франција – Швајцарија, Хрватска – Шпанија, Шведска – Украина, Англија – Германија, Холандија – Чешка и Велс – Данска.

- Оглас -

Најнови вести