Германија со еден потег ја спаси Македонија да не падне во петиот барабан!

Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година и веќе има обезбедено место на завршницата. Како организатор на ЕП, Германија имаше можност да одбере дали ќе сака да игра во квалификациите или воопшто да не биде дел од оваа борба.

Катар, кој е домаќин на СП 2022, имаше иста понуда и Катарците решија да играат во квалификациите за Мундијалот, но нивните мечеви беа ревијални, односно се знаеше дека ќе бидат дел од завршницата. Оливер Бироф, кој е директор на репрезентацијата на Германија, објасни ошто Панцерите нема да бидат во квалификациите.

„Како домаќини веќе сме дел од завршницата. Одлучивме да не играме во квалификациите затоа што вака ќе имаме повеќе флексибилност да ги планираме мечевите. Можеме да се подготвуваме против силни репрезентации во пријателски дуел, што нема да биде така ако сме во квалификации“, објасни Бироф.

По оваа одлука на Германија, најмногу се израдува Полска, селекција која остана во првиот барабан за ждрепката. Доколку Германија беше дел од квалификациите, Полска ќе паднеше во вториот барабан, а тоа ќе значеше и автоматско поместување на сите репрезентации за една позиција.

Во таква ситуација, Ерменија, која е последна во третиот барабан, ќе паднеше во четвртиот, а Македонија која е на последната позиција од четвртиот барабан ќе испаднеше во петиот барабан доколку Германија решеше да биде дел од квалификациите.

Ждрепката за ЕП 2024 година ќе биде на 9 октомври во Франкфурт, а некои пресметки дури ги дадоа и селекциите кои имаат најголеми шанси да бидат во група со Македонија.

- Оглас -

Најнови вести