Неверојатна работа се случи во Германија, весникот „Ди Актуеле“ на насловната страница објави дека имаат „светска сензација“, интервју со големиот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, за кого цела деценија не се знае ништо во врска со неговото здравје по несреќата што ја имаше на скијање и операцијата на мозокот по таа повреда.
Многумина го купија весникот, но сфатија дека се измамени и дека всушност одговорите ги дава вештачката интелегенција и најнова технологија која пресметува какви одговори би дал Шумахер на поставените прашања.
Од весникот не најавија дека одговорите не се од Шуми, па семејството на Михаел најавува тужба за овој скандал. Навистина е невкусно ова што го направија бидејќи не се знае ни дали Шумахер воопшто може да зборува.