Германскиот гигант победи на терен, но сепак ќе испадне од Купот од четвртолигаш

Дека аматерски грешки може да се случи и во најпрофесионалните клубови се покажа на дуелот од првото коло во Купот на Германија. Волфсбург гостуваше кај четвртолигашот Прусен Мунстер и по 90 минути игра беше 1:1, па мораа да се играат дополнителни 30 минути. Во продолжението Волфсбург даде два гола и стигна до победа од 3:1, но сепак на крајот ќе испадне од натпреварувањето.

Од Волфсбург направија голема грешка со бројот на измени во текот на мечот. Во регуларните 90 минути, тренерот Марк ван Бобел направи три замени, а потоа во продолженијата замени уште тројца играчи. Според статутот на ова натпреварување, максимално е дозволено да има пет замени, а не шест.

Главниот судијата во извештајот по мечот навел дека е прекршено тоа правило и дека Волфсбург направил замена плус. Трите замени Волфсбург ги направи во првото продолжение, а по внесувањето на тројца свежи играчи, гостите дадоа два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести