34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Германците го одредија стадионот на кој ќе ја пречекаат Македонија во квалификациите за СП

Германската фудбалска репрезентација го одбра стадионот „МСВ “ во Дуисбург на истоименуваниот третолигаш за дуелот против Македонија во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

На 31 март 2021 година нашиот национален состав, предводен од селекторот Игор Ангеловски, за првпат во историјата ќе гостува кај четирикратниот светски првак во рамките од третото коло во квалификациите.

На истиот стадион шест дена порано, кога Македонија ќе гостува кај Романија, Панцерите ќе го пречекаат составот на Исланд.

- Оглас -

Најнови вести