Англискиот напаѓач Хари Кејн викендов во победата на Баерн Минхен против Бохум придонесе со три гола и две асистенции, но според германските правила, иако тој трипати ја тресеше мрежата, нема да му се брои како хет-трик.
Во германската Бундеслига за да се смета дека некој направил хет-трик, играчот треба да постигне три гола по ред без да биде прекината низата од негов соиграч, и тоа во исто полувреме, што е навистина чудно и необично.
Кејн ги даде вториот, петтиот и седмиот гол за Баерн, па за Германците тоа не е хет-трик, требаше да бидат на пример вториот, третиот и четвртиот, плус сите да бидат во исто полувреме.
Тоа му се случи и на Ерлинг Халанд, кој во јануари 2020 година како играч на Борусија Дортмунд даде три гола против Аугсбург, но меѓу првиот и вториот гол на Халанд погоди и Џејдон Санчо и Норвежанецот остана без хет-трик (барем според Германците) иако подоцна постигна и трет погодок.