Германците ја прегазија Ерменија, и покажаа кој е главен во групата

Германија ја растури Ерменија со 5-0, и демонстрираше моќ, па се искачи на првото место во квалификациската група Ј, во која е и Македонија. Романија која ни гостува во Скопје за три дена, со рутински 2-0 го совлада Лихтенштајн.

Германците уште по првото полувреме имаа 4-0 против Ерменија која пред неколку дена извлече 0-0 против Македонија, и беше на прво место во пресрет на денешните дуели. Панцерите немаа милост, па со 12 бода го презедоа првото место. Имаат четири победи и еден пораз, оној историскиот од нашата репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести