Германците на „Твитер“ ќе ја објавуваат секоја одлука на ВАР-системот

Германската фудбалска федерација отвори профил на социјалната мрежа „Твитер“ наменет за арбитражата во домашните лиги. Преку овој профил ќе се објавуваат и детално објаснуваат сите одлуки на ВАР-системот донесени во спорни ситуации за време на натпреварите од Бунделисгата.

На овој начин Германците се обидуваат да го сведат на минимум бројот на конторверзни судиски одлуки и на навивачите да им се даде детално образложение при секоја ситуација. Најверојатно уште во претстојниот викенд ќе се почне со употреба на новиот начин на информирање кое треба да биде решение и за во иднина.

- Оглас -

Најнови вести