Германците покажаа моќ, рутински ја победија Белорусија

Германија покажа дека е моќна репрезентација и во првито меч од втората фаза по групи ги освои првите бодови со убедлив триумф против Белорусија со 31:23.

Почетокот на мечот беше извонреден за фаворитот, а разликата постојано растеше. По првиот дел еден од фаворитите имаше голема предност од 7 голови разлика и ја најави сигурната победа.

Во продолжението Белорусите одиграа многу подобро, но не успеаја да се приближат и да ја загрозат победата на Германците.

Кастенинг со шест гола беше најефикасен кај победникот, а ист број голови на спротивната страна постигна Кулеш.

И двете селекции не пренесоа бодови од првата фаза, па сега Германците се во многу посодбра позиција во битката за пласман во полуфиналето. Имаат два бода во Групата 1, исто како и Австријците, а се зад водечкото дуо Шпанија и Хрватска, кои имаат максимален учинок во досегашниот дел од шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести