Германците пресекоа – Македонија ќе гостува на „МСВ арена“ во Дуисбург

Германците пресекоа и останаа на првичниот план да и бидат домаќини на Македонија на 31. март на „МСВ арена“ во Дуисбург. Првиот натпревар меѓу двете репрезентации ќе се игра од 20.45 часот во последниот ден од овој месец.

Македонија претходно на 25. март во Плоешти против Романија ќе го започне новиот квалификациски циклус за настап на Светското прврнство во Катар што ќе се игра идната година.

Потоа ќе играме дома, на националната арена „Тодор Проески“ против Лихтенштајн на 28. март, па ни доаѓа гостувањето кај велесилата Германија, сега и потврдено на меч што ќе се игра во Дуисбург.

Ривали на Македонија во Ј групата ќе и бидат и селекциите на Исланд и на Ерменија, а само победникот во секоја од европските групи има загарантиран настап на Мундијалот во Катар, плус уште пет репрезентации, кои ќе имаат шанса преку бараж мечеви да стасаат до СП.

 

- Оглас -

Најнови вести