Гестот на Жоао Феликс не бил насочен кон Симеоне

Жоао Феликс предизвика многу реакции во Шпанија со гестот со кој откако даде гол против Вилјареал, некому од клупата на Атлетико Мадрид му порача да молчи. Веднаш се појавија шпекулации и се поставуваше прашање дали со ова Феликс сакаше да упати порака до тренерот Диего Симеоне, кој не го става во почетниот состав, туку го користи како резерва.

Дилемата кон кого беше упатен гестот, ја разреши Бразилецот Ренан Лоди, кој е еден од најдобрите пријатели на Феликс.

„Немој да се лутиш, кажа дека ќе дадеш гол и го направи тоа. Заедно сме брате“, напиша Лоди на „Инстаграм“.

Тренерот Диего Симеоне рече дека е среќен што неговите фудбалери се однесуваат како бунтовници. Следниот меч на Атлетико е градското дерби со Реал Мадрид, а со голот против Вилјареал, Жоао Феликс се наметнува како потенцијален стартер на дербито кое може да биде и пресудно во трката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести