Ги нема Американците и Канаѓаните, во НБА најдобри се Србин, Грк и Камерунец

НБА-лигата ги објави тројцата кандидати за признанието најкорисен кошаркар на сезоната. Тоа се Џоел Ембид од Филаделфија 76-ерс, Јанис Адетокумбо од Милвоки бакс и Никола Јокиќ од Денвер нагетс.

Интересно е што сите тројца се странци. Ембид е Камерунец, Адетокумбо е Грк, а Јокиќ е Србин. Пред две и три сезони, МВП беше Адетокумбо, во минатата сезона беше Јокиќ, а сега не би било изненадување ако признанието оди во рацете на Ембид, кој има 28 години и една година е постар од Јанис и Јокиќ.

Ембид беше прв стрелец со просек од 30,6 поени, а имаше и 11,7 скока и 4,2 асистенции по меч. Јокиќ стана прв во историјата на НБА со над 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции во една сезона, просеците му се 27,1 поен, 13,8 скока и 7,9 асистенции. Адетокумбо регуларната сезона ја заврши со просек од 29,9 поени, 11,6 скока и 5,8 асистенции.

Последен Американец кој бил МВП во НБА е Џејмс Харден во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести