Шведска ја победи Хрватска со 34:28 во меч за петтото место на ракометниот Мундијал. Во меч без резултатско значење за двете селекции, „трите круни“ беа подобри во текот на целиот меч од ривалот и заслужено се петти.
Екберг, кој потфрил на шампионатот конеч но одигра добар меч и со шест погодоци ги предводеше Швеѓаните до победа. По рвите 30 минути предноста за Шведска беше 16:13, а со иста разлика го добија и продолжението од мечот.
Хрватите како уште да се под блокада од неправдата против Германија, кога беа оштетени од судиите и ги загубија шансите за медал, па загубија и на последниот меч за нив на турнирот. Лука Степанчиќ со пет голови беше најефикасен кај поразената репрезентација.
Утре во 14.30 часот во меч за бронзен медал ќе играат Германија и Франција, а најважниот натпревар за златото ќе го играат Данска и Норвешка од 17.30 часот.