3.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Ги сонуваше ли? Мајстор ги погоди точните резултати од незаборавната вечер на ЕП за добивка од над 100 илјади евра (фото)

Европското првенство уживаше во вчерашната незаборавна и неповторлива ефикасна вечер со осминафиналните дуели меѓу Франција и Швајцарија (3-3, 4-5 на пенали) и Шпанија против Хрватска (5-3 на продолженија), а на еден обложувач му го сменија животот засекогаш.

Мајсторот се пофали на социјалните мрежи со уплатеното ливче на кое ставил само пет евра и типувал дека во двете средби во Копенхаген и Букурешт ќе завршат со идентични резултати од 3-3 по регуларните 90 минути, што му донесе неверојатна добивка од 106.875 евра.

За да биде уште поневеројатна добивката, Швајцарците и Хрватите надополнуваа негатива од од 3-1 во завршните 10 минути од средбите, во моменти кога Фуријата, односно Триколорите веќе се гледаа во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести