15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Ги украдоа корнер знаменцата од „Олд Трафорд“, па гордо ги покажуваа низ Манчестер (Фото)

Протестите на навивачите на Манчестер јунајтед кои влегоа на стадионот „Олд Трафорд“ и ја шокираа светската јавност, предизвикувајќи одложување на дербито со Ливерпул, дефинитивно излегоа од контрола, беше повреден и еден човек од обезбедувањето, а фановите се чувствуваа толку силни што украдените корнер знамиња од стадионот, гордо ги шетаа низ улиците на градот.

Има фотографии на кои се гледа како навивачи се фалат со „пленот“, а освен корнер знамињата, беа украдени и топки.

Протестите беа насочени против сопственикот на клубот, американскиот бизнисмен Глејзер, но вакво нешто никој не очекуваше дека е можно да се случи во Манчестер. Засега нема официјална одлука кога ќе се игра дуелот помеѓу Црвените ѓаволи и Ливерпул. Потребна е целосна дезинфекција на стадионот и преземање на строги безбедносни мерки како гаранција дека нема да има никакви инциденти.

- Оглас -

Најнови вести